собир (имн.) - и (сврз.)

За момент - и следејќи ја логиката на јавен собир и потребата од понепосредна „легитимизација“, но пред сѐ држејќи се до „трамбулинскиот начин на мислење“ кадешто секоја претходна мисла се одбива од претходната според принципот на трамбулина, „настојувајќи да биде во ортогонална проекција во однос на претходната мисла“ - дополнително ќе се „идентифицирам“ како уредник на списанието за ширење на децентралистичка култура (и за сурфирање по рабови), Маргина, и како човек од списанието за стрип, Лифт.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)