совет (имн.) - да (сврз.)

Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка, од една страна, му се радуваше на патувањето во Албанија зашто првин ќе ги видев нејзините преоста­нати живи, но таа, од друга страна, тајум стравуваше дека ќе биде немоќна на местото на Татко да ми го даде конечниот совет да патувам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Три месеци таа одбивала да го послуша советот да побара психијатриско мислење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)