совремие (имн.) - во (предл.)

Блиску до интересот на поетесата Олга Наумовска мотиви од цврстата љубов кон татковината, мотиви од вестените интимни победи на срцето, блиско ѕиркање во структурираните поетски форми од типот на хаику песни, но и детската разиграност исполнета со блага ненаметлива рима и изрази кои соодветствуваат со совремието во кое живееме.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Она што го открива парадоксот на оваа изложба, а оди во прилог на тезата за отсуство на дефинирана ликовна стратегија и структурирана сцена е фактот дека и по цела година од реализирањето на овој проект (куратор Зоран Петровски) не се појави каталог во кој авторот ќе ги инерпретира веќе лоцираните проблеми и новонастанати поетики, како едно теориско согледување на конфронтираните ликовни јазици - оваа изложба, навистина непотполна, сепак беше еден од најопсежните обиди за презентирање на уметничкото совремие во Македонија и понуди доволно материјал за едно такво согледување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)