совршенство (имн.) - или (сврз.)

Наводната разлика помеѓу нашите одговори на убавите тела и кон убавите уметнички дела треба да биде основа за темелна разграниченост помеѓу пристрасната и беспристрасната привлеченост, помеѓу користољубивата, себична, егоистична, возбудена заинтересираност и некористољубивата, несебична, алтруистичка, контемплативна беспристрасност.264 За естетизмот, понатаму, обично се мисли и дека искажува потрага по совршенство или посветеност на совршена убавина, која во голема мера е ирелевантна за погрубите, пониски дејства на сексуалната возбуда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Барем од Кант наваму, конвенционално се смета дека телесната убавина и уметничката убавина будат мошне различни видови на одговор кај нормалните (хетеросексуални) човечки субјекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)