сознание (имн.) - го (зам.)

Ако пресметката на веројатноста ја гледаме како универзална основа на нашиот свет, тогаш доаѓаме до следниот теориски парадокс: ако прифаќаме дека светот станува сѐ поверојатен, и ако нашето сознание го следи тој процес, тогаш вистината е од онаа страна на хоризонтот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Животниот век на моите планови се смалуваше толку брзо што на крајот тие се претворија во кратки, мимолетни мисли што не можев дури и никому да му ги објаснам, затоа што не ми беа јасни ни мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, додека компјутерските програми кои што симулираат разумски операции, ги решаваат своите задачи скоро толку успешно како некој си студент-почетник, на најдобриот програм за роботско водење му се потребни часови и часови пред да идентифицира неколку предмети на масата и потоа да ги земе.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во таа смисла тој пишува за „нерамнотежа помеѓу програмите што мислат и програмите што осознаваат и се активни во реалниот свет”, тоа изненадувачко сознание го внесува во историскиот развој на темелните човекови способности: „Изгледа како да е - видено апсолутно - мислењето полесно од сетилното осознавање и делувањето - поглед што можеме да го објасниме во рамките на еволуцијата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа го знам денес, но ова сознание го платив со тригодишно залудно студирање, свесен за фактот дека ќе стекнам глас на безделник, згора на сè за тоа отиде и целото наследство, но оттогаш помина многу време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)