сознание (имн.) - од (предл.)

Кога се обидувам да ги актуализирам сознанијата од записите за кои станува збор, нагласи професорот, всушност само укажувам на внимателно документираните наоди за една појава што мојот монах ја следел през еден прилично долг период, изгледа подолг и од пет- шест десетолетија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За да се овозможи лесен пристап до клучните сознанија до кои се дошло при анализата на законите, најважните сознанија од анализите се дадени во болд на почетокот од соодветната анализа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А можеби професорот и самиот дошол до заклучок дека сознанијата од литературата и не се најсреќни примери за науката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Сознанијата од внатрешни можат да се резимираат само во еден исказ: не се забележани, од негова страна, противнародни дејанија - одговори другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, најстрашното сознание од сведувањето на билансот на „транзицијата“ не е жртвувањето на работниците и нивните права на Левијатанот на „слободниот“ пазар.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)