сознание (имн.) - или (сврз.)

Се ежев од помислата на близината на ѕвероликите и од сознанието или сомнежот дека нивното седење и молчење има некаква цел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така, излегува дека оние што сакаат да се разберат разговарајќи, мора прво да се ислушаат, потоа да го протолкуваат кажаното, за да на крајот го интерпретираат сознанието или како што стои кај Хајдегер, специфичното однесување кон стварноста (методот не оди подалеку од оној кој се користи во разбирањето на текстот - уметничките дела).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако духовните маки, болното сознание или спомените се толку разорувачки што се едноставно неподносливи и човек може да им подлегне – тогаш, на тој начин исплашена, природата посегнува по лудилото, како последно средство кое може да го спаси животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Духот, кој е толку измачуван, ја кине нишката во своето помнење, празнините ги исполнува со измислици и така, бегајќи од болката која ги надминува неговите сили, спасот го бара во лудилото, а тоа е како кога ногата, зафатена од гангрена, се отсекува и се заменува со дрвена нога.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)