сокак (имн.) - во (предл.)

Солун може најдобро да се почувствува кога се скита бесцелно низ него, од улица во улица, од сокак во сокак, од излог до излог, од еден во друг крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неколку дена коските и пердувите од птиците мачките ги разносуваа низ селото; немаше двор и сокак во кој немаше пердуви: ветерот ги креваше и ги шеташе од едно место на друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
После работата, која ја завршив во дванаесет на полноќ, јас како своевидна Пепелашка отидов во познатиот Охридски клуб на најпознатиот сокак во чаршијата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Полна е со тесни улички и сокаци во кои куќите речиси се допираат а од прозорците луѓето можат да си подадат раце за поздрав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Што сега? Почнав да се искрадувам од сокак во сокак, од свиок до свиок, од сенка до сенка - да ги избегнам патролите, полициски и воени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)