солза (имн.) - почне (гл.)

Ние останавме толку трогнати од приближувањето на неговата смрт што солзите почнаа да ни течат од очите...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А тука Анѓа ја побара помошта и, не можејќи веќе да се воздржи, писна гласно колку грло што ја држеше: – Намашни, либе Стојане, Намашни Шарка и Мрча, Одбрани, либе, од волкот, Твоето рудо јагненце, – а очите ѝ се навирија со солзи почна да ѝ течат низ темните образи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Митра ја навали главата на неговото десно рамено и почна да издива длабоко, a веќе и солзите почнаа да ѝ капат низ образите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Треба да си рече оти од нас помош ќе нема, така што почнаа во очите нејзини еленски да ѝ навираат солзи, ѝ навираа така солзи и очите ѝ се полнеа како дупчиња во карпа кога се преполнуваат со вода дождовница и кога ѝ пребликнаа, солзите почнаа да ѝ се ронат од очите и да ѝ течат како на тетка Божана кога ѝ умре детето нејзино Миле на петгодишна возраст.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)