солза (имн.) - им (зам.)

Солзи им навираа од очите на моите деца, на моето синче и на моето ќерче, навикнати при враќањето од моите патувања да се радуваат, да ме прегрнуваат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Солзи им идеа на очи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со моќноста во играта со зборови знаеше да ги развесели и оние на кои солзите им беа на патот за да капнат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)