солза (имн.) - ни (зам.)

Кога не пука непријателот на нас, господ продолжува да пука: постојано нѐ опсипува со снег и дожд. Солзите ни се мешат со него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Тоа ти е, вели Уља, и плачеме така обете. Се гледаме и плачеме. Солзите ни се среќаваат на лицето од детето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Солзите ни се мешаа со снегулките кои ни се топеа на лицата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)