солза (имн.) - од (предл.)

„Море смрдење, мајката бреј! Бетер од Турчишчата!“ — си помисли Толе кога си ги бришеше солзите од очите, кои беа му навреле при повраќањето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Војник не сакаше да им оди, а таа кутрата, господ да ѝ прости... - рече Божана - ѝ се стегна грлото и дури одкако ѝ потекоа солзи од очите, бришејќи ги, изговори некако:- Се обеси.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Татко ѝ, некој мирен опаднат човек, вистински старец, во црна свечена облека и сосема ќелав, веќе се беше напил и можеби поради тоа постојано му течеа солзи од очите, мали, збрчкани, закрвавени.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Креваше на шишето, ја пикаше главата меѓу решетките да го баци Анка, и неможејќи - само го жулкаше по раката, го милуваше; Анко му го чувствуваше треперењето на раката која сѐ повеќе стануваше потопла; татко му отпивнуваше и сѐ така со жулкање по раката, а во очите му најадруваа солзи од милина, од радост.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тропаат лажиците и виљушките, ѕвонат гласовите, а нејзе ќе ѝ прокапе некоја солза од радост и среќа, додека ме кара мене дека, ете, лубеницата не сум ја доизладил како што треба, а сто пати ми рекла да донесам уште мраз.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па тие и солзата од око ќе ти ја украдат и нема да ги видиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никифор се пресега и ми ги брише солзите од лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој пречекорил некоку пати натаму, а кога застанал, пак расколебан од својата несигурност, мечката ја подигнала малку главата кон своето малечко до себе, го подушила малку и чиниш му дошепнала нешто притоа, како жена, покажала кон него, малото се свртело кон човекот и како дете, испратено да послуша нешто, дошло до него, завртело неколку пати околу него, со наведнат поглед што моли, а после седнало малку подалечку и го гледало, сосема исто како расплакано дете, дури така и бришејќи си ги солзите од своето лице со големите питоми шепи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цигарата многу често му догоруваше во рака.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Некогаш дури му потекуваа и солзи од смеење.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Свесен дека е во првиот план на вниманието, син ѝ одеше по неа, ги покажуваше колениците со артистичен гест и сосила ги цедеше последните солзи од маченичките очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа не беа ни солзи од радост ни солзи од болка. Има мигови кога сами доаѓаат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но, на Ане и на Дора веќе им течеа солзи од смеење.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но замина, угасна таа врелост и одеднаш се збриша ко солза од мртвото лице.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Меѓутоа, кога виде дека децата му се скрија во орманот не свртувајќи се, одеднаш стана и тргна по нив со очите полни со солзи од лутина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)