сомун (имн.) - леб (имн.)

— Ете шо ќе правиме: ти вечер ќе си одиш дома и утре в зори те чекаме на Маргара, кај чешмичето, со некој и друг сомун леб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
После: таму, зад Лигураса, има едно селце, Вепрчани се вика; ќе гледаме да се добереме и некој сомун леб да пригодиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Се прима, попче, се прима!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од ноќвите, од онаа страна до мијалката, извади сомун леб, ѝ го подаде на средната ќерќа, Мара, да им го даде, а таа остана кај мијалката да го оплакне котлето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Киле седнат на едно триножно столче, со софрата пред него и на неа земјената чинија со сув грав и половината сомун леб од сетното месење, јадеше како одвај да џвака, полека некако мрзоволно.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сите оние жени и мажи со кеси и торби, сега помногубројни, ба напикани во продавницата и повремено, еден по друг, излегуваа натоварени со по пет па и десет и повеќе сомуни леб.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едни донесуваа, други ги однесуваа испечените тави, тепсии со баници и со буреци, разни татлии, сомуни лебови наредени на долга штица и завиткани во топли цедила, грав-тепсиичиња, чомлеци во земјени грнчиња на кои капаците им беа залепени со тесто. Само да гледаш и да не се нагледаш.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во сандакот му беше останат само уште еден сомун леб, стврднат и начнат на едниот раб, а во другиот агол стоеја уште пет сотни компири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Земаа на вересија од аништата по неколку сомуни леб, но прво си го делеа сејмените меѓу себе, та што им престануваше им даваа по некој залак на сужните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ретко кој покуражен се осмели да им подаде по некој сомун леб, но место нив, сомуните ги земаа сејмените, бидејќи тие беа врзани, та не можеа да посегнат по лебот. И тоа беше доста.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа овие сомуни леб и сирењето ги хранеа нашите сужни и физички и духовно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)