сон (имн.) - бев (гл.)

Сонот беше исто така опфатен - во извесна смисла и содржан - во едно движење на раката што го направи мајка му, а го повтори триесет години подоцна онаа Еврејка што ја беше видел во филмскиот журнал, додека се обидуваше да го заштити детенцето од куршумите, пред да бидат и двајцата разнесени на парчиња од бомбите фрлени од хеликоптерите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сонот беше сѐ уште жив во неговиот ум, особено она обвиткувачко, заштитничко движење на раката, во кое како да беше содржано сето негово значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само што тие звуци ќе бидат неподносливи тишини, тие зборови ќе бедат крвави дождови, а тие погледи сиви сенки, рушевини, висечки градини во кои верував дека ќе го живеам сонот, а сега гнијам, умирам, немоќна пред стравот да признаам дека тој сон беше страст, импулс, желба, глад за моќ, но не и судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зошто ти во мојот сон беше човек без лице и име.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На врвот на мојот сон беше местоположбата на продавницата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој проклет сон беше таков... Тој проклет сон се обвистини...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Или сон беше сето тоа? Какво изненадување, боже мој … Зошто не ја сослушав? (Мисли) Да, да...
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Со тоа сонот беше не само запечатен туку и фрлен на буништето на потсвеста.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во секој случај, тој сон беше причина Едо да се прекори себеси поради своето занесување па дури и да се почувствува посрамотен сам од себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но мојот сон беше повистински од сѐ што доживував.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Викнав, заревев можеби. „Што му е на малиов?“ праша некој. Друг без возбуда рече: „Сонува.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Проклет да бидам, каков убав сон беше Големата вода, - секогаш верував во измислици.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тука не ѕвонат леринските камбани и не повикуваат на молитви, на помен и намнисување; тука не гори оган во спомен на тие чии соништа беа исполнети со надеж и мечти... тука пече болката... тука се молчи и се уште никој не го скрши печатот на молкот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неговата љубена во сонот беше ѕвезда што свети и грее, се разбира, ѕвезда во облик на мала топка сало. (Сонувајќи, Ќ не сфаќаше како таа не се топи од сопствената топлина.) Додека траеше сонот, Ќ го празнеше целиот фрижидер и потоа провалуваше во најблискиот фитнес-клуб за да трча на подвижна лента.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Козар маало тонеше во немирен сон. Сите соништа беа различни, но во сите главни јунаци беа нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка со последните сили ги довршуваше преостанатите работи на денот, кои ја чекаа само неа, и се предаваше на лека дремка, во која сонот беше разблажен од содржината на разговорот на Татко и побратимот на чардакот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Некој танок, некој плиток сон беше ме подзел. Колку за да го сонам Јона, човекот мој.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)