сон (имн.) - има (гл.)

Тие соништа имаа чудна сила, невидлива, но доволно силна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Постепено растеше и навиката да се разбудам и со предизвикот на денот да се соочам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека Кучешката и Чуварот на сонот имаат исто дадени алегорично- симболички значења, значења во расказите Глувче и Грев произлегуваат исклучително од самиот текст.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ме испраќаше на скалите, ми довикна: - Немој да заборавиш да го адресираш писмото за Игбал, па утре ќе го испратиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А бе, Мила – се насмеав – ама ти е некој сон! Да знаеш ти какви јас неостварливи соништа имам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако мозокот не може да ги исклучи своите сензори тој сигурно ќе се преоптовари - оние на кои им се ускратува сон имаат тешкотии со вербализацијата, перспективата и надразбите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сонот овозможува правилни прекиди на сетилно перцептивниот систем кој е нужен за несвесната обработка на податоци - за нашето фантастично помнење; системите за средување, каталогизирање и учитување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Една друга девојка понекогаш повторуваше: „Моите соништа имаат листови и гранки, моите соништа имаат стебло и кора, моите соништа имаат цветови и корења…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Моите соништа се дрвја, или можеби дрвјата се мои соништа.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
оние пак, кои го завршиле талкањето, влегуваат во метрото влегуваат како во олтар од длаборез и уште неседнати почнуваат да 'рчат, 'рчат во сите тонови, мнозина басираат ама има и такви кои фаќаат високи октави, заспаните 'рчат ли 'рчат ама нема кој да ги чуе отшто јапонија да ми ти била земја на затворени прозорци а јапонците да ми ти биле луѓе со затнати уши кои кога се будни во метрото спокојно си читаат додека сонародниците им се дават од 'рчење - ем си 'рчат, ем набрзина каснуваат нешто во сонот оти во кусиот сон има време и место сал за една плескавица (и тоа на месечина) што во мекдоналдсите се нарекува хамбургер.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)