сон (имн.) - нема (гл.)

Тој простор, без јасни рабови и многупати меко нурнат во испарувања со неопределена боја, му припаѓа, секогаш загатлив, само на еден човек, така и останува ист и непроменлив, само за тој еден, до длабочините и ожабавеноста на животот, до оние години кога меѓу јавата и сонот нема јасна меѓа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нашиов кутар народ мисли ако јас се заземам во уќуматот или во шеријатот, сѐ добро ќе се реши. Сон немам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Човекот без сон нема каде да ги чува и размножува зборовите, нема каде да си ја подгрева надежта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сонот нема филтри. Затоа и мртвите нѝ идат на гости.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во Палестина, во земјата на предците, во Erecz Israel9. O, Hashano10!  Па сепак, Нина знаеше дека отсега натаму татко ѝ ќе бдее, ќе снове низ куќата како првата вечер од заминувањето на децата, дека Моше, веќе, сон нема да го фати.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сон нема колец сал еден колне, колва Прометеја го бара.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)