сон (имн.) - ѝ (зам.)

И, додека тој имаше сериозна љубовна врска, таа имаше сон, а сонот ѝ беше тој.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мајка ми, пред да тргнат, зборуваше дека најголем сон ѝ е да оди во Катманду и да ги види Хималаите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Човекот што ѝ дошол на сон ѝ реко на никого да не кажува за сонот, сама да отиде на Градишка Вода и да ги откопа парите точно кога ќе се појави сонцето од зад Горник, Зашто ако ги откопаш пред или по изгрејсонце, ѝ рекол, парите ќе се сторат ќумирчиња, а ако кажеш за сонов и ако половина пари не ги дадеш за ѕидање на општината и на училиште, сиот сој Јанчески ќе го јавне голема несреќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бабата Петра уште ја кроти својата крупна снага под покровот, ги топли внучињата со себе, ама сонот ѝ избега уште кога вресна Милка. Којзнае дали беше сон.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сликата од сонот ѝ се враќа и со страв го измолкнува писмото од пазувата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)