сон (имн.) - никогаш (прил.)

Сонот никогаш не му беше целосен во едната татковина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овде долу, сите спиеја освен него – во својата несоница, тој беше сам на светот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ако секогаш бев имал добар сон никогаш не ќе имав напишано ниту еден ред.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие мислеа дека се таму за да ѝ го вратат сонот, не знаејќи дека таа тој сон никогаш и не го загубила.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)