сон (имн.) - или (сврз.)

Што е потивко: да се чека и сонува нешто што го нема и не се знае дали ќе дојде и дали ќе се обвистини и по крајот на сонот или да се исчезне еднаш засекогаш?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Бргу презрева и ако не ја исколва некоја чавка, се ничкосува како сон или како јаве, сеедно.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не е да речеш розе како марула, ова црвено-црна, шербет блага неизвесност.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На Гого му беше исхраната последна дупка на шупелка: имаше чардак за работа, имаше ќелија или за сон или за несоница, имаше поглед кон суводолицата на детството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Песно, изгубен еден сон или одронет само во чудното невреме или во оној моментен мир омеѓен со ножевите на молњите носи дожд тоа суморно течење на денот кон нашиот осамен остров поплава една носи тој летен ветер што ја капе својата жолта грива од лисја во меката прашина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А ако се разбудам сред ноќ - ако ме разбуди некој сон или кошмар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не смеам да се будам сред ноќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На работничките им е потребно спиење. превод: Зоја Наскова-Барт Расказите на Ен Каминс (Ann Cummins) се објавувани во The New Yorcer,Antioch Review, Sonora Review и други списанија, а исто се претставени и во антологијата The Best of the The West (Најдоброто од Западот).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа живее во Флагстаф, Аризона и предава во Универзитетот на Северна Аризона.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Претпоставувам оти уште страда со отворени очи, без сон или блада на јазик што го мрази и од кој долго боледува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во едно писмо од 21 април 1889, Винсент ван Гог, сосема свесен за својата состојба, му пишува на својот брат Тео: “Денес ги сметав сите твои добрини кон мене поголеми од кога и да било, не можам да го искажам она што чувствувам, но те уверувам дека таа добрина беше од вистински ков и ако ти не ги гледаш нејзините резултати, мил брате, не тагувај поради тоа, твојата добрина ќе ти остане…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чувствував како се губам во болка и во сон или тоа беше бессознание, и слушав како ме крепи гласот на Клара: „Ќе помине… Ќе помине…”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еј, пријатели, патот го згрешивте...на сон или јаве грешката лузни си остава.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Еба му газникот на животот, вели, кога не знаеш кај живееш: на сон или на јаве!.. - Ај, не јади многу раноклек!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но на неколцина старци, не толку високи колку суви, Онисифор Проказник им се сторил постар од своето старешинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таков им доаѓал пред тоа во соништата или со тегобите: намќоросан, речиси без линија на усни, нездраво бел под небриченоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дали беше тоа сон или јаве?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Каде се сега тие, нашите девојки, нашата убост, нивните светли погледи, убави, мили очи, нивните малечки гради, - што е со сите нас, каде сме, каде сме сите ние, дали е ова сон или ј а в е ?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа е некоја посебна доба во која грдоста и убавината се искинати и измешани, потоа врзани како алки на синџир, доба кога на човекот, стиснат во лушпа на треска, му е сеедно дали е во окното на сонот или на јавето, или најпосле, лежи помеѓу нив како меѓа на која 'рти од коренот на минатото една сегашност, секако поинаква отколку што тој можел да ја замисли.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На сон или буден, додека работиш или јадеш, во затворен простор или на улица, во купатило или в кревет - нема спас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На нив се сеќаваше нејасно, зашто ги минуваше главно во сон или во зашеметеност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Не знае дали куферчето го препозна во сонот или сега откако се разбуди се сети дека тоа картонско куферче беше исто како едно на татко му што го имаа дома.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не знаеше од кај доаѓа, од сон или од јаве.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нешто е започнато еднаш и не е завршено така што се чувствуваме тоа, најпосле, на сон или на јаве да го одредиме и да го завршиме.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секако, не во соништата или во очекувањата, туку пред сè во непредвидливоста на настаните што секој час си го менуваа и лицето, и опачината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дали сум сега среќен човек, дали во ноќите носталгични и дождливи ме заспиваат сопствените сонови или црни демони гребат по моите перници!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако играш по овие правила најверојатно си го загубил сонот или повеќе незнаеш да сонуваш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тивка мелодија во далечините на понорите, виножито помеѓу сонцето и дождот, скоро невидлива силуета на сликар во хоризонтот и бои црвени, бели, сини, боите на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И колку повеќе се трудиш да направиш чекор напред, после осумилјади километри ќе сфатиш дека ништо не е лесно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Што беше тоа ноќеска, си велам, дали беше сон или друга вистина?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туширање (ај, кога веќе сме голи). Блажен сон или кратка пауза. Нешто слично како по напишана песна.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)