сонце (имн.) - им (зам.)

Над нив уморно се влечеа мрзливи облаци; сонцето им поставуваше врели, боцкави пречки но нив ги распнуваше болка на згусната влага; се слечеа и ги параа своите шавови на секој зрак, а земјата, споулавена од жед, притаено ја исчекуваше нивната милост. „Тој не е слаб“, извлече жегата непознат пркос од Јана. „Не, тој не е слаб.“ Иван првпат насети во себе некоја непозната и чудна врелина од што неколку запци во неговиот механизам закрцкаа. „Ти знаеш - не е слаб, нели?“ „Не ми веруваш?“ го измери таа; сѐ повеќе мислеше на тој Отец Симеон. „Ти верувам.“ А чудото од осмиот рид му шепна - не верувај, докторе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еве го твојот поглед со кој сонцето им се обраќа на плодовите Две брези имаш и некоја црна месечина меѓу нив изгрева Си ги прибрала сите светулки во твоите ливади да пасат Црна сенка минува преку твоето срце...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сонцето им ги отвори очите на верниците, светлината им го подозеде стравот и уплавот и сите прснаа бегум кон градот, кон своите домови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
До крајот на филмот, Милдред се покајува за своите независности и, откако ја платила цената, му се враќа на сопругот, кој во меѓувреме си нашол пристојна и машка работа во „производството за одбраната“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Додека ја придружува од судницата, чие скалиште го тријат две самопрегорни жени, сонцето им ја озарува светлата иднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разговарале ли? Секако. Едниот прашувал а другиот одговарал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Незабележливото заоѓање на сонцето им ги продолжувало сенките меѓу кои лежела меѓа на два света.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето му треба на славејчето да пее, сонцето треба и бубачките да ги згрее, сонцето им треба на нивите, на сливите, на смреките, на реките, на ливадите, на зградите, на прозорците, на луѓе, птици, елки и борови, по шуми, полиња, долови и дворови.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Војниците што излегуваат од реката потскокнуваат на песокта, а сонцето им ги брише капките, им ја зацрвенува кожата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Требаше да бидат 16 инчи долги.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Изгледаа како извезени со црвени монистра.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Едно попладне тој фати четири пастрмки, Кога сонцето им ја осветли кожата, Сани ги виде нивните виножита.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)