сонце (имн.) - низ (предл.)

Кога умре, лицето ѝ стана безизразно, како раката на смртта да ѝ го избришала ликот, изгледаше слично на некој кип кого дождот и сонцето низ вековите го обезличиле.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Чекореше бавно под благото сонце низ една нечиста улица кон продавницата на г. Черингтон, внимавајќи постојано да не наиде на патрола, но истовремено ирационално убеден дека ова попладне нема опасност да биде вознемирен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но најмногу уплавот им се потсили кога наутро ќе ги видеа прозорците извалкани потемнети од чадот што со маглата се изналепил на стаклото: сонцето низ нив го гледаа матно, црно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)