сонце (имн.) - сѐ (прил.)

Уште стигнувале гласови таму, во Скопје, дека есента постепено, ама сигурно отстапува пред зимата, сонцето сѐ помалку се задржувало на небото, ноќите станувале студени и долги, дечињата почнувале да се разболуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сонцето сѐ уште светеше над ридот Дреничето отаде езерото и до заодот имаше ден.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Милан си ги наполни белите дробови со воздух измиен од дождот, и ја шмркна благата влажност, која сонцето сѐ уште не беше ја впило од лисјето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пробивајќи се низ безбројното лисје, сонцето сѐ уште грееше врз нивните лица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Летото некако полека изминуваше, во стопанството сите поврвнини со житарици одамна беа голи, суви и жедни, доматите сѐ помалку и помалку имаа црвени топки, листот на пиперките подгоруваше, денот иако намален, пламенот на сонцето сѐ посилно гореше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)