сонце (имн.) - или (сврз.)

Во периодот од 1960-63 студирал англиски јазик, историја на уметност и историја, а меѓу 1963-67 бил студент на сликарство во Лондон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, откаде еден Англиски господин во друштво на фантазери “изгорени” од италијанското сонце или со француската традиција на восхитување пред злото?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во овој случај, да парафразираме еден од тие “црни” Французи - Бодријар: голем се станува единствено со побуна против сопствената нација, со востание против владеачките (викторијански) вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лицата, дали од сонцето или поцрнати од барутот и топлиот ветар што го веат експлозиите на бомбите и гранатите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакаш ли да ти навезам месечинки, сонце или пилци? Ами, може сакаш едно детуле да ти навезам?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, што е со раздразливоста, кога не е толку студено, има сонце или е лето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Та затоа, Нумо, секогаш кога спиеме, дали по сонце или во темнина, под сенки букови или дабови, крај изворче или поточе, во ров ипи во бункер, на осојница или на припек, дење или ноќе, да сонуваме секогаш еден сон. Еден, ама заеднички...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Господе, велам јас, дали огнот ќе нѐ изгори, дали сонцето или болеста, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сонцето или син ми, топлината на првото или немирот на вториот, можат да ги истопат тие крилја. Внимавај!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)