сопственик (имн.) - или (сврз.)

7.  Невработено лице, во смисла на овој закон, е лице кое: 1) не е вработено; 2) е пријавено во Агенцијата за вработување; 3) е способно и сака да работи; 4) активно барало работа во изминатите 30 работни дена и е на располагање на берзата на трудот да започне со работа во следните 15 дена; 5) не одбило соодветна понуда за вработување и 6) на кое работниот однос не му престанал по негова волја (чл. 53, ЗВОСН) [оваа последна и подвлечена спорна точка, во меѓувреме, е укината од страна на Уставниот суд на РМ со Одлука У.бр. 173/2010-0-1 од 22.VI.2011, благодарение на иниција- тивата од 1.X.2010, поднесена од страна на ДСП „Ленка“ - Скопје и Асоцијацијата „Магна Карта“ - Велес].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како невработено лице не се смета лице: – во работен однос; – корисник на пензија; – врши- тел на занаетчиска, односно професионална дејност; – сопственик или основач на трговско друштво, претпријатие и друго правно 70 лице; – вршител на земјоделска, сточарска или друга дејност; – кое не прифаќа обука, преквалификација или доквалификација на која ќе го упати Агенцијата или одбие да се јави или одбие да заснова работен однос кај работодавецот кај кого го упатила АВРМ; – кое работно е ангажирано или врши дејност, спротивно на закон (чл. 54, ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој проблем нема да биде решен едноставно со враќање на имотот на неговите претходни сопственици или преку одделување на комунистите од не- комунистите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За да се обезбеди непристрасноста на инспекторот при спроведувањето на инспекцијата, со ЗИТ (1997) е пропишано дека инспекторот не смее да врши надзор кај работодавецот каде што тој или член на неговото потесно семејство е сопственик или сосопственик, член на управниот одбор, директор или каде што тој или член на неговото потесно семејство имаат материјален или друг интерес, додека, со цел да се обезбеди извршувањето на обврските од негова страна пропишано е дека тој е одговорен ако пропушти да изврши обврски или да преземе мерки, кои по законот бил должен да ги изврши, односно преземе, во постапката на надзорот (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)