сопче (имн.) - и (сврз.)

Полека ѝ пријдоа на вратата од сопчето и застанаа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
По неколку дена тој влезе светнат во сопчето и му се обрати веднаш на Ордета што лежеше на кревет: - Орде, си најдов. -Што? - Љубовница, што! Нема само ти да имаш
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Влезе во сопчето и седна на триножничето, ја зеде машата и почна да го разгрнува пепелот, барајќи некое жарче. Не најде.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грдан беше задоволен - и од домашното готвено, и од џепарлакот што му остануваше, а во сопчето и така беше навикнат да биде сам, како што уште се воздржуваше од пушење и од други скапи пороци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)