соработка (имн.) - во (предл.)

Според него најпогодни за соработка во почетната фаза би биле српските елементи во Порече или областа Маврово.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не случајно и во 1905 год. Мисирков го поканува својот професор за соработка во своето сп. „Вардар”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа и не е чудно што на прво место меѓу поканетите за соработка во сп. „Вардар“ го поставува својот професор Лавров, кој во 1902 год. го имаше оставено Мисиркова на својата катедра за постдипломски (славистички) студии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но нема да биде почетокот на една долга кореспонденција помеѓу Европеецот Гијом Аполинер и Балканецот Фаик Коница (која ќе трае до 16 октомври 1913 година), нивните две средби во Лондон (во 1903 и 1904), меѓусебната соработка во нивните списанија, Les Festin d` Esope на првиот, Albania на другиот туку и сведоштво на едно ретко европско-балканско пријателство и за проникливо разбирање на суштината на другиот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа анализа на моќта на многумина ќе им биде тешка за прифаќање, поради сугестијата дека многу од аспектите на нашите индивидуални начини на однесување за кои тврдиме дека се израз на нашата слободна волја, или за кои тврдиме дека се против наметнатите начини на однесување, не се она што на прв поглед се чини.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Всушност, оваа анализа би покажала дека многу од нашите начини на однесување ја одразуваат нашата соработка во контролирањето и надгледувањето на сопствените животи, и животите на другите, во согласност со доминантните културни сфаќања .
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По одлуките на Второто заседание на АВНОЈ (29 ноември 1943) и на Техеранската конференција (28 ноември - 1 декември 1943), настанале крупни промени во однесувањето на сојузниците спрема настаните во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На крајот, во својот заклучок, Доливети ќе истакне далековидно дека учесниците на тркалезната маса се убедени дека е потребно и "во интерес на балканските земји да остварат полна соработка во рамките на европската демократска заедница и во склоп на светската заедница; и дека таму ќе има целосна соработка со големите сили на Обединетите нации, врз основа на еднаквост".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ирина го поттикнала разговорот за нашите активности и тие ја прифатиле соработката во вид на допишување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Недостасувало уште само да ѝ предочи па дури и да ѝ предложи еден вид договор или соработка во тоа вразумување на Генералот, бидејќи сепак е подобро тие двете разумно да ја поделат меѓу себе неговата љубов и да пронајдат начин како да ја спречат дарежливоста што Генералот ја растурал, како што рекла Рајна, на сите страни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Инаку Рајна воопшто не беше навредена од грубото однесување на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Им благодарам на д-р Волфганг Суцл од катедрата за Мировни студии при Универзитетот Инсбрук во Австрија и Арон Леви, куратор на павилјонот на САД на Венециското биенале на архитектура 2008 и професор на Факултетот за уметност при Универзитетот Пенсилванија во САД, за нивната концептуалната поддршка при работата на текстовите во оваа книга, од рафинирањето на првичните идеи до нивните информативни коментари во разните фази на работа врз текстот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Кристијан Фаур, директор на Технологии за соработка во уметноста при Универзитетот Денисон, Охајо, САД, беше љубезен да ми помогне во обезбедувањето пристап до академските списанија во САД.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)