состанок (имн.) - во (предл.)

Планот за дејство на единиците на 15. НО корпус за ослободување на Западна Македонија бил подробно разработен на состанокот во Охрид со Штабот на корпусот и штабовите на дивизиите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
До усвитеност стегаа тупаници, кога до нив стигна веста од Атина, дека само еден месец по формирањето на Штабот, Вландас, најверниот од верните на Захаријадис, на затворен состанок во Пиреа се закани: - Тие, кои сакаат да одат в планина се кукавици и се плашат од вистинската револуционерна борба во градовите и фабриките!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти договорив состанок во десет, пази да не ме обрукаш.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Александар уште еднаш го обзеде горчината што го фаќаше по завршувањето на секој состанок во неговата фирма.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
МАНАПО имал обележје на народен фронт и бил во непосредна врска со македонското комунистичко движење.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На нелегалниот состанок во Охрид (28 август 1936) македонските студенти ги формулирале основните цели на МАНАПО (Македонски народни покрет): будење на националната свест и афирмација на народниот јазик; борба за ликвидирање на кралската диктатура и борба против великосрпската хегемонија; демократизација на земјата и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Захаријадис веднаш нареди да се преведе писмото на грчки јазик и да им се јави на сите воени команданти да дојдат на итен состанок во пештерата над селото Горажде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утредента, мајка ѝ разбрала дека неколкумина илегалци од отпорот против окупаторите, што имале состанок во таа куќа, биле предадени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Поради некаков состанок во гимназијата за избор на раководство на четвртиот средношколски младински актив ( ме избраа и мене во раководството) и поради некаква проба не сум имал многу време за со него, ама сепак е запишано И тогаш кога јадев Ичо раскажа како го презеле Воден.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сите да дојдат на состанок во училиштето, им порача пандурот на селаните.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Учителот го повикале на состанок в град.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во еден миг, помислив да одам на закажаниот состанок во градината кај „Знак прашалник“, за секој случај набавив дури и неизрежан клуч, но тогаш пред оваа намера се испречи една голема промена во мојот живот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бидејќи, секој од нас секој ден и не забележувајќи поминува низ еден полумомент пред своето раѓање и низ еден полумомент по својата смрт.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)