состојба (имн.) - со (предл.)

Беше во состојба со денови да се однесува како немтур и да се обидува да ми наметне вина мене, дека, еве, јас сум била нечовек, штом така грубо, а не нежно, како што беше навикнат, се однесувам со него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
4 Оттука, се поставува прашањето: каква е фактичката состојбата со работничките права во Македонија?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На двајцата луѓе во С. им ја кажав состојбата со дарванските води, дека се заробени за некаков рибник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така, во весникот „Њу рипаблик“, од 21 април 1941 година, се појавил коментар, во кој биле изнесени основните карактеристики на народите што живеат во Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, сега, има четири и повеќе години, властите се обидуваат да ја поправат состојбата со патиштата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
DD ПТ: Состојбата со пазарот на вашите дела се чини изменета последниве неколку години.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
По новонастанатата состојба со окупацијата на Кралството Југославија, на страниците на американскиот печат се појавиле и написи во кои јавноста се запознавала со етнографските и географските карактеристики на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Обично, кога станува збор за незадоволителната состојба со работничките права во Република Македонија се мисли на тоа дека не се почитуваат правата што на работниците им ги гарантира законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)