социјализам (имн.) - и (сврз.)

За време на социјализмот и Златен Тито, да имаш пријател во маалското продавниче беше исто како денес Бранко Црвенковски да ти е втор братучед.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Луѓето брзо и лесно би ја откриле лагата, и славата на Чанга уште повеќе би се зголемила, а социјализмот и партијата би претрпеле големи штети.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На овие гласови им се спротивставуваа други, според кои татко ми бил фанатичен противник на социјализмот и комунизмот, класен непријател кој не сакал да се солидаризира со новата класа, од „спасените козари”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но по распадот на Југославија и поразот на нејзиниот самоуправен социјализам и воведувањето на новата пазарна економија, кутрата јужна Рерублика Македонија, макар независна држава, доживува тешки транзициски години, со изгубената тешка индустрија, несреќно и мафијашки приватизирана, со пропаднато земјоделство и сточарство, со армија невработени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога ќе се соединат социјализмот и национализмот, или национализмот и клерикализмот, тогаш значи дека на патријархализмот му догорело сѐ до ноктите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)