список (имн.) - во (предл.)

Тајген им дал на своите студенти списоци во кои биле наведени некои вистински поговорки но и некои тукушто формулирани со помош на споменатиот процес на пресликување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Едно утро војници разнесоа списоци во зградите од нашата улица, со упатство што сѐ ни е дозволено да понесеме со себе, и наредба на дваесет и деветти јуни таа 1942 година, во шест наутро да бидеме на железничката станица на крајот од квартот во кој живеевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Побарајте ги вашите имиња во списоците во кои сте заведени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Постои еден таков список. Или, поточно, дел од него. Кога си слободен погледни го.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Утрото, на ден пред заминувањето, во малечки куферчиња го прибравме она што ни беше потребно за до крајот на животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само некои имиња, некои презимиња, а она, што е најжално, не постои никакво упатство: дали да се чува, кому да му се предаде, за што може да послужи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На крајот, по сè она што ќе се случи останува понекој искинат лист или список во кој за жал и не е сè забележано.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)