сплет (имн.) - од (предл.)

Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дел од активностите ги спроведував во мојот стан, низ многубројни средби, разговори и анализи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дворчето беше зараснато во диви растенија, а неколкуте јаболкници беа проредени со исушени гранки и заробени во сплет од скреби.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И префлајќи ја војничката торба преку рамо, појде пред него нишајќи се со широките плешки како да се пробива низ сплет од гранки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Корисно е секоја дадена локална култура да се опише како посебен сплет од жанрови“, пишува Рос Чејмберс, „при што жанрот се сфаќа како конвенционален хабитус што повлекува разбирања и согласности во кои не мора конкретно да се преговара за ‘видовите’ на општествена интеракција кои се возможни под закрила на таа култура...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сплет од свест, чувство, создавање, постоечка моќ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во предигра од обмислена бајка, Сакам да навлезам во сплет од твојата креативност...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тогаш ја чу жената како го вика од терасата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Милане, каде си? што си се искачил таму? - Дојди горе. - Слези ти, што барам горе. - Дојди. Ќе видиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со погледот шеташе по покривите од околните куќи, во тој сплет од нерамни и испревртени кубови, ги гледаше низ измаглината на квечерината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)