спогодба (имн.) - со (предл.)

Во 1881 година Србија заклучува Тајна спогодба со Австро-Унгарија со која Австро-Унгарија се обврзува да ѝ помогне на Србија сама по должината на Вардар да избие на Солун.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За времетраењето на судскиот процес Ф.И. продолжи да работи на нејзиното постојано работно место, а односот со работодавачот за време на процесот може да се опише како коректен и во рамките на деловните овластувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После добивањето на конечната пресуда во нејзина полза таа потпишува вонсудска спогодба со која се регулира исплаќањето на парите од страна на работодавачот и тоа на две рати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, на пр., во едно писмо од бугарскиот „трговски агент” од Солун А.Шопов од 26.10.1903 год. до бугарскиот министер-претседател Р.Петров меѓу другото се вели: „Некои кругови на овдешнава Внатрешна организацнја сѐ почесто и посериозно зборуваат дека некои од началниците на таа организација влегувале во спогодба со српската влада или со некои кругови во Белград за заедничко дејствување во Македонија, но со јасни разграничувања на интересните сфери.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се расчу дека името на коњот е Теофило, како на оној што му ја продаде душата на ѓаволот и со сопствена крв ја потпиша спогодбата со нечестивиот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од друга страна, Италија склучи некаква пријателска спогодба со Велика Британија во врска со некои средоземноморски и африкански прашања.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во првите месеци на 1944 година и Обединетиот одбор на Американците од југословенско потекло презел чекори во круговите на американските културни и политички личности за оддавање признание за учеството на НОВ и ПО на Југославија во борбата против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Доколку премиерот Пуриќ „се спротивставува на напорите да се постигне спогодба со маршалот Тито..., Британската влада, потпомогната од Русија и можеби од САД, ќе ѝ стави до знаење дека нема да продолжи да ја признава Владата на Пуриќ во овој состав“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ништовна е каква било спогодба со која работникот би се откажал од правото на годишен одмор или од обесштетувањето за годишниот одмор (чл. 145, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)