спокој (имн.) - во (предл.)

Таму како да бешево некоја трета земја, некаде помеѓу земјата и небото, откако си ја напушти родната грутка и не најде спокој во новата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога ќе се сетам што најмногу ми недостасува, тоа е насмевката што се раѓа на моето лице и спокојот во мојата душа кога ќе се појави нов сјај во твоите очи кога доаѓаше да бидеш со мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Маглива елипса ја покрива мојава душа, можам ли да живеам без тебе!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Заминаа сите негови, од далечен и близок род кон Цариград, преобратени во муслиманската вера, верувајќи дека ќе најдат спокој во новата, лаицизирана Турција. Но, Татко се врати на Балканот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вака се прашуваше и вака си зборуваше Нуне Волта додека непријателите се прегрнувале, се гушнувале, потпевнувале и во мир и спокој во сон потонувале.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Спокојот во којшто лежеше скоро згрутчениот облак смог конечно е нарушен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Запознај ја вистинската природа божја Обој ја срцевината на твојата рожба Во колорит што ќе ти донесе спокој Во зрак светлина за вечен покој 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Имаше ѕвезда, речиси, пустински спокој во лицето, бездруго наследен од спокојните вечно задоени бедуини во некој неизвесен правец во пустината, со само ними согледлива цел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тешко можеше да се претпостави ова лице намуртено или гневно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повторно го одложив пишувањето на вистинскиот одговор на писмото на Мајка, каков што таа го заслужуваше, да го заслужам спокојот во нејзината душа кој недостигаше во мене, а јас тоа силно го чувствував во себе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако подели што подели и најде некаков спокој во душата, друга мака го фати.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)