спокој (имн.) - занесен (прид.)

16. Ги води патот нив меѓу царевки и плодови лозата дури соковите на летото ги збира Извор водите секнат но песната не секнува во корењето на бидноста загледана во далечината на светлоста Процесија долга е тоа по полето на векот во кое светот ликата си ја подава од сивата недоодица И тие чекори морни огреани од погледот на тој што сега молчи под сонцето на летниот спокој занесени се дамна отаде виделото Грутката на глувата тага во грлото се збира на пладнето Штрека денот на болката пробудена Се мрачи светлината на неискажаните зборови вадата што ја бараат своја Сончевата прашина трепти Далеку гласот оди по питомото поле Ги отвора тоа дланките подадени свои кон чеканиот дом на помнежот и песната
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)