споменик (имн.) - и (сврз.)

Од совршеноста и од површноста, од спомениците и од нивните сенки, од успешните и од веќе видените, од нормите за добро однесување.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Бидејќи беше добар мајстор, имаше нарачки од секаде: и од селата и од градот: правеше ќошиња за куќи, лакови за прозорци и врати, скали, корита за чешми, столбови за цркви и камбанарии, плочи за споменици и гробови, воденички камења и сѐ што ќе му се нарачаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
129. Јернеј Копитар (1780-1844) е словенечки преродбеник и угледен австриски славист, автор на првата научна словенечка граматика, издавач на стари словенски споменици и значаен помагач на филолошкото дело на В.Ст.Караџиќ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
7. Кога го запознаваш Градот, имињата, спомениците и историјата остави ги за крај.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)