спондилоза (имн.) - или (сврз.)

Па, кога ќе ме праша некој: „Што правиш?“, јас на долго и на широко се расприкажувам како, ете, спремам ручек, па низ куќа, а седната на компјутерот (кој ми го свитка грбот и ми ја разбуди спондилозата или остеопорозата) за од тежок живот да се пожалам не се сеќавам дека не е до ручекот и тенџерето, зашто, на крајот, не му стојам да му дувам на огништето, туку сам, сосема сам се готви.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)