срам (имн.) - или (сврз.)

Овој процес е отежнат ако телесните функции се мобилизирани да реагираат на закана (сомневање, обвинување, страв, срам или отуѓеност).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Блед е срамот или ужасот при помислата дека треба да се појави на балконот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И денес забележав како Ратка му потурува на Пандила да си измие раце и како тој не го крена погледот кон неа, не знам, дали од срам или од почит, или пак заради некоја скриена мисла и тајна желба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дали од страв, дали од срам или од друго што не го знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зашто, ако сега трпи театар чии посетители го маваат со овошје, тоа е затоа што желбата да изведува најпрво му се подбудила другаде, преку едно толку поохрабрувачко калапење на театралните идентитети и односи, што, всушност, сѐ уште не ни излегол од таа прва сцена, каде што токму откако ги направил првите чекори или ги изговорил првите зборови, ќе пеел и ќе танцувал за жена што го повикувала да изведува и го фалела со аплаузи уште пред да заврши, го бодрела кога ќе се подизгубел, самата пеејќи и танцувајќи, речиси како баш тој да ѝ е алтернацијата за некоја улога што таа не можела да ја одигра, дали од великодушност, од срам или од нешто друго.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мајчиното одобрување го иззема синот од терористичкиот надзор и од терористичкото спроведување на машките полови улоги, додека неговото идентификување со неа му овозможува пристап до просторот на самата изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сепак, зошто воопшто би ѝ се јуначел на таква стигма ако претходно не бил врбуван преку (постарата и пожилавата) моќ на поттикнувањето?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Белки не мислиш оти самиот, поради срам или нешто друго, одлучил да се затскрие зад затворските решетки?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А можеби и добро сторија што не го затворија наш Кире.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)