средина (имн.) - станува (гл.)

Заедно со влезницата, секој посетител добива привремена лична карта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја нарекуваат Сала на сведоштвото: темница, студени немалтерисани бетонски ѕидови, познати снимки што се емитуваат преку мониторите, расфрлени по просторот, во таа средина стануваат омразени дури и за рамнодушните и оние “без предрасуди”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
При излезот, кога ќе ја стави во компјутерот, од извештајот што го добива, дознава дека бил еден од стотиците илјади коишто по посетата на тушевите не ја видел светлоста на денот. чувството дека си преживеал по некоја случајност, е скоро неизбежно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)