средина (имн.) - со (предл.)

Сепак знаеше и често велеше дека за човека е најдобро место она каде што најдолго живеел, средина со која се сродил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од физиката е позната особината на белиот зрак да се обојува црвено, со поминувањето низ запрашената полипроѕирна средина со извесна густина и дебелина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прозата на Б. Варошлија „произлегува од еден говор кој почнува да се раѓа сѐ понагласено во нашата јазична практика во урбаните средини, расказите на В. Малески се градени врз одредени говорни ситуации во кои се еманципира еден јазик на чаршијата, на градот, од говорот на руралните средини со кои е сѐ уште во силен контакт, литературата на С.Попов произлегува од јазикот на селото кој е затекнат во една конзервирана состојба итн.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)