среќа (имн.) - наиде (гл.)

За среќа наиде Даскалов. Не знам од каде и зошто но мене за момент ми се пристори дека Даскалов штотуку завршил тешка борба на некој ринг и сега се враќа во аголот со насмевка на победник, згора на тоа и сигурен дека немам причина да му го запустувам задоволството.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, го имав предвид траурниот момент и не побрзав да му ја прераскажам приказната на Ристе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
АРСО: Знаев дека ќе се лутиш, туку си реков, поарно јас да те чекам тебе, отколку ти мене, та...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Туку за среќа наиде измеќарот твој...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)