среќа (имн.) - или (сврз.)

Што ли ќе претегне на тасот на вагата, среќата или тагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немам ништо против мистиката, таа дури мошне ме интересира, но во секој случај, за среќа или несреќа, како сакате, не сум мистичен и во мојата работа нема ништо мистично.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Посветена на мене и на сите оние што како мали деца се радуваат заедно со мене на мојата среќа или несреќа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеше да се рече дека, не сметајќи го Жеро Жерав, на тој простор сум сам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За среќа или несреќа, ќе се сетев на Водомаровата доверба кон мене и на страдалниците од Шумшул- град, вклучувајќи го и човекот со два гласа, и ќе се откажев од коркачката намера.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Иако ваквите нешта родителите не им ги кажуваат на децата, бидејќи си љубопитен ќе ти кажам: тој туѓинец наеднаш како да ми се закачи, за окото ли за срцето ли, ни самата не знам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се испречија ти е војски среде главниот пат, ни пиле да прелета.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Е, тогаш на нашите им затребаа сандаци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За среќа или несреќа оној, кој можеше да ти стана татко ми личеше на човек од збор и од доверба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беа моите први мајсторски дела направени по заповед на командантот Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За моја среќа или несреќа патот за Штип и за Криви Дол го затвори германската војска што се повлекуваше од Грција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Телото на Ленин, за да остане нераспаднато, периодично мора да се изнесува од саркофагот и одново да се „освежува“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одржувањето на нераспаднатото тело како метафора за „оддржување на уметноста“ го спречува враќањето во неорганската, природна состојба која се наоѓа вон среќата или задоволството. (Среќата на народот, така, лежи во избегнувањето да исчезне телото на неговиот татко.) Интересно е што постои и една фотографија на Хирст каде што тој во мртовечница е фотографиран лице до лице со еден мртовец.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш, за среќа или за несреќа, се појави од некаде како од никаде маестро Миха, со циганската марама околу мисирковиот врат и мразулците пот по челото до веѓите, па како црн ангел му покажа дека со месење земја може да си ги смири барем прстите ако не и совеста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Седнавме да се одмориме пред да го фатиме патот пеш преку планината, но во тоа време врвеше една колона за Албанија, моторизирана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Додека ние да им дадеме знак да застанат, тие заминаа, но за среќа или за несреќа на последниот камион му се дупна гумата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Обично, лежев така со саати на каучот, во целосна темница и размислував за разни работи со кои овде немам воопшто намера да ве давам. зашто, за среќа или несреќа, немаат никакво влијание врз настаните што овде ви ги прикажувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)