срна (имн.) - во (предл.)

Сакале да глумат партизани во шума проклетници кои се хранат со мрши во шумата стрелаа невини срни во градот убиваа човечки души
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
А кога ќе го замолеа тие да им каже, дали ќе изгасне некогаш страста по срните во срцето на пашата, - евнухот сожаливо ги гледаше и им велеше: “Иако е човечкото срце затворено со густ, непроѕирлив превез, -ништо во него не останува вечно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога дојдовме кај зимниците, постапивме како што ни рече Петре Даскалот: ја затворивме срната во едно котарче во зимницата на Јаневци и, не знам како, се заигравме на ледината под високата меѓа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се плашев дека пластичниот стол ќе се распрсне или дека ногалките ќе се раскрачат како ноџињата на онаа срната во цртаниот филм, кога со зајчето лизгаат на лед.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Секогаш ми е криво кога без мене тоа ќе се случи и кога ќе ми речат: „е па, Бреза, животните не доаѓаат во соба, треба малку да се излезе надвор од куќата и да се прошета”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Моите тетки и мајка ми беа восхитени, а јас победнички горда: нема веќе да бидам единствената од нашето семејство која не видела срна во Маврово.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега, еднооки еднорози нагазуваа врз буквите и светите гласови со воздишки за спас и љубов заклучени како срна во кафез од лисје.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Дали во центарот си чиста како росата наутро, како солзата на срната во бег, како невиноста, дали свети чисто твоето вистинско ЈАС?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Две срни во мракот непријателски настроени, во пејсаж од помешани илузии...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)