срце (имн.) - може (гл.)

Потребна е храброст да се променат работите, но со магијата и волшебството што го чуваме во срцето можеме да бидеме љубов за да најдеме љубов, да веруваме во можностите и слободата и ќе најдеме среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дури и чукањето на своето срце можеш да го чуеш како туѓо, дури и своето дишење...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го забележа само со едно крајче од очите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Луѓето по душа и срце можат да личат еден на друг, ама и физички да биде така, скоро е невозможно.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кое срце можеше да остане мирно, неразбранувано, кога Трифун Трифуноски ќе ги ококоравеше очите, кога, со прст покажувајќи на вас, ќе рече: О, да! О, не! Зошто не!?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)