став (имн.) - мирно (прил.)

Ветрот е во став мирно а и галебите не гракаат под сувата грмушка во песокта.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Стражарот во став мирно, на само неколку чекори од влезот, гледаше во небото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наеднаш тишина. Сите присутни застанаа во став мирно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Командантот ја подигна слушалката и веднаш застана во став мирно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Таа застана пред него во став мирно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Инструкторката повторно ги повика во став мирно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да стојам пред тебе во став мирно?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Застанав во став мирно, онака војнички, рапортирав и реков: - Господине мајоре, дозволете ми да потпишам... се покајувам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Високиот направи чекор напред и рече: - Пушкомитралезецу, оди во својата барака и чекај повик.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стоејќи во став мирно, ги, следевме вестите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стоевме во став мирно и ја чекавме неа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо удри со патерицата по подот, застана во став мирно, се исправи, подигна глава и, гледајќи некаде пред себе, војнички рапортира: - Пушкомитралезецот Нумо Дамовски се јавува доброволно за првата линија...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потпишав. Се исправив. Стоев во став мирно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така во шаторот главен беше асистентот - снимател, а Геро си ја сфати таа улога како да командува цела бригада - недостигаше уште јарбол пред шаторот и подигање на знамето во став мирно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откај паметникот Голијат ќе ја раскрилувал престолнината на вистината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ноќта да стои во став мирно, во ноќта луѓето потајум да си се бараат самите себе си, севезден да седат голи и боси, да сушат алишта и чорапи на полна месечина, да јадат тврд леб и меки патлиџани, со некое зрнце сол.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)