станица (имн.) - кој (зам.)

Огромна е железничката станица која зафаќа доминантно место на „Монпарнас“ и која со својата својстсвена современа архитектура многу се разликува од старовременскиот амбиент.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нашите врски со „Хосака” личеа на специјализирани станици кои го штитат родителскиот организам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Речиси постојано беше отворено, живо. Понекогаш замолчано, другипати гласно, во зависност од станиците кои се слушаа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се живо ја пееше, немаше радио станица која што не ја вртеше, и дечиња и старци ја свиркаа по улица.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Имавме едно радио во облик на раширени крилја на паун, кое татко го донесе кога се врати од Цариград, кое како да беше дел од куќата крај реката Вардар во Скопје, дел од семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш си во Ускудар и на станицата која овој град го сврзува со Анкара и човек може да се пофали дека се воврел низ вратата на Азија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)