стапалка (имн.) - во (предл.)

Разлиена насмевка од убавина, вкусот победува оставајќи стапалки во душата.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Детските стапалки во снегот се шират како долго носен прслук, губејќи ја убавината на малите форми.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На кејот девојката си ги капе стапалките во зеленикавите бранчиња.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зашто не знаат за стапалките во песокот и за трите стебла врз кои ноќе спијат ѕвездите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе му ја гледам стапалката во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ко стапалка во длабок снег ми се отпечатува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Та покусата нога на оној и не се познавала толку многу, била само белег, по кој сите други ловци од селото во тоа одамнешно време можеле да ги распознаваат неговите стапалки во снегот додека излегувале во утрините од селото и да знаат дека тука, пред нив, порано од нив, поминал тој - па човече, ене ја онаа негова патрива нога.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето отпатуваа, а тој стоеше крај нивните стапалки во снегот, сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа и траговите на големите Дукови раце, траговите, што ги остава секој да лебдат по неговите стапалки во живото, кога веќе го нема самиот него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дојдоа до брегот, а до таму се протегаше десниот ѕид, ја најдоа патеката со пресно втиснати стапалки во снегот и внимавајќи да не се слизнат во развревената вода, стигнаа до вратниче од бели и нови штици. Тропнаа на неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)