стапалка (имн.) - на (предл.)

Во тивката вечер бавно и смирено одекнуваше шумот на неговите стапалки, стапалките на парискиот питач.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кајмакчалан не ги почувствува стапалките на оваа планинарска дружина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова се – трагите! Прашинка ако се сочува Изгребана од стапалките на оној што отиде - Ќе се врати! Некогаш ќе се врати...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Наместо да ја открива подривачката дејност на македонските организации, тој, вели, тргна по стапалките на Апостол Макаровски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Без скршнување, расцепувајќи ја целината на снегот во една права линија, самјакот ја имаше пренасечено долината, префрлувајќи се од шумата од едната страна на Белата Долина, кон шумата од другата страна, оставајќи ја по себе оваа длабока трага, во која можеа да се распознаат и стапалките на неговите копита, големи колку на јунче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Полицаецот сташно мрдна со мустаќите и го повлече за ракав старецот; на овој му паднаа напукнатите очила рамно под тешката стапалка на писарот кој потскокнуваше и мавташе со раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Однекаде никна Пенчо. газеше со целите стапалки на оној негов познат војнички начин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И го создаде господ човекот по своја лика-прилика, го создаде улав и килав, и ние, дружината со двоколки, го зграпчивме и го обесивме, повисок да е и со теме поблизок до небото, сепак, жеден и гладен, со подаден јазик кон земјата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа не знаев дека човекот на јамка е повисок отколку кога е со стапалки на земја. Толку паметам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но стравот и возбудата кучешки ме гонеше и сѐ повеќе грабев од стапалките на оние што трчаа пред мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сенката само се издолжи но остана таму каде што ѝ е местото.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Да, доброчинителе. - Намачкај ги петиците со лепило и застани на стапалките на сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Навистина сенката не беше како сите други сенки, но сепак беше сенка. Еве каква сенка...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ги намачка стапалките со тоа тесто и чекорејќи на прсти внимателно застана на стапалките на сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)