стапица (имн.) - во (предл.)

Како и неговите претходници, така и Питер Гринавеј од уметноста прави стапица во која може да се најде и самиот. Бидејќи, на крајот сепак добиваат Островјаните.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Преовладува сликата на стапицата во облик на безизлезен лавиринт, во кој нараторот постепено се губи придружувајќи се на црната судбина на Чанга од романот Времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не кажувам дека страшниот стаорец всушност е обично, мало, беспомошно глувче, фатено во стапицата во мојот подрум.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога би било некое питомо живинче, - мислеше сега, сосема слободен и како избеган од некоја стапица во себе, наеднаш наполно лесен и радосен со таа своја ослободеност, - кога би било некое питомо јаренце, мислеше, што си го израснал самиот, тогаш е нешто сосема поинакво и тогаш сигурно би можел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби излезот од оваа критичка стапица во која се најдовме не без наша вина е во поинаквата стратегија, која повеќе не сака наменски да го сервисира туѓиот, туку се обидува да изгради свој нов, паралелен свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нам денеска ни е јасно, дека токму критичките процедури се оној метаконтролен регулатор, кој го перпетуира стариот систем, со тоа што му обезбедува непречен прилив на нова социјална енергија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Напуштеноста е фатален ефект, стапица во која луѓето упаѓаат благодарение на својата непромисленост и верување во илузии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)