старец (имн.) - што (зам.)

Јаков Иконописец, сега со мудречка неизвесност на лицето, жолтеникав и мал, премал и за бостанско плашило, ги подал рацете кон петте сонливи старци што се доближиле со израмнет чекор. - Одбранете ме, стриковци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Селото ќе ни се наполни со џган... Ќе му пресудам, браќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го прашува Гита Корец со нем поглед во деновите без транспорт?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Оној млад човек кој и додека чекори се чеша од стапалата до главата и назад ќе стигне до бедемите на друг град, и ќе посака таму да влезе, но ќе го убие еден витез, кој неколку дена пред тоа ја освоил својата сакана на витешки натпревар и ѝ испеал песна, со рими искажувајќи ја својата љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној старец што свирка како врапче ќе го растргне волк.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)