статист (имн.) - во (предл.)

Мажите, помладите, со паларии, вратоврски, бели кошули, бели панталони, со прстења и блескави часовници на рацете, жените со разнобојни фустани, со високи штикли, најмодерни фризури, како да се собрани од некој најмодерен градски булевар и доведени тука да бидат статисти во нечија режија, во нечиј филм.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во подрумот се чувствував како статист во воен филм.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како статист во големата семејна драма, кога бог, гостин ни подари најголем дар, ангелот со еротско интонирани, скокотливи навестувања... со очи ко медитативни бисери полни со љубов...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Гледајте - или остатокот од животот ќе го минете како лошо платен статист во туѓ нискобуџетен црно-бел документарец, или ќе станете продуцент на својот сопствен филм. Ќе го режирате, ќе напишете сценарио, ќе поделите улоги, ќе одберете место за снимање на најголемиот реалистичен филм било кога направен“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Многумина веќе ги триеја очите и беа готови за перница, а Рада беше час главна, час само статист во претставата на Долгиот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)